|
Интегрален леб пред спиење |
|
|
|
Среда, 20 Јуни 2007 |
(makfax)
Ако пред да заспиете огладнете, најдобро е да изедете малку јаглехидрати кои нема да му пречат на вашиот желудник и на вашиот сон.
На пример, малку интегрален леб и едно парче мисиркина салама и јогурт.
Пред спиење не би требало да јадете сирења како пармезан, камембер, но и конзервирана риба и краставици.
На црната листа се наоѓаат и сувомеснатите производи, маслинки и чоколадо.
Сите овие намирници содржат состојки кои го будат организмот. |