Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Кулинарство arrow Пепси со вкус на ладна краставица?

Пепси со вкус на ладна краставица? Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Среда, 13 Јуни 2007
(makfax) Меѓународната компанија Пепси го избра јапонскиот пазар за лансирање на новиот освежителен безалкохолен пијалок за претстојното лето под името "Pepsi Ice Cucumber", или во слободен превод Пепси ледена краставица.

Во јапонските продавници овој пијалок се најде во вторникот, а интересно е дека во себе нема ниту малку вистинска краставица, туку само одредено количество од вештачки освежителниот вкус на свежа краставица.

Ова, промовирајќи го новиот производ, го истакнала портпаролката на јапонското Пепси Аја Такемото.

“Сакавме на пазарот да лансираме вкус што луѓето ќе ги асоцира на тоа дека во текот на летните горештини можат секогаш да се освежат со новиот безалкохолен пијалок, а краставицата ни се чинеше идеално решение“, објаснила таа.

"Pepsi Ice Cucumber" е со светло зелена боја и ќе се продава во Јапонија само во тек на ограничен период, односно во текот на претстојните три летни месеци.

Такемото истакнала дека продажбата вчера почнала одлично, како и дека во компанијата очекуваат продажба на околу 200 илјади шишиња во претстојните три месеци.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net