|
Сабота, 07 Април 2007 |
(makfax)
Инвентивните гурмани смислиле ново “благце“, што од четвртокот може да се купи во Велика Британија.
Станува збор за комбинација на сирењето стилтон и белгиско чоколади, а се вика чоколадно сирење.
Ова сирење наликува како Свис рол, има благо- слаткаст вкус. Производот содржи 59 проценти од белото сирење стилтон, 11 отсто полномасна белгиска чоколада и 28 крем од сирење.
Килограм од чоколадното сирење во Британија ќе се продава по цена од 7,99 фунти за килограм.
Производителите велат дека комбинацијата на чоколадото и сирењето е многу вкусна.
Сирењето и чоколадото се два прехранбени продукти кон кои гурманите се многу “страствени“, така што сметаме дека и нивната меѓусебна комбинација ќе биде исклучително добро прифатена кај консументите, велат творците на чоколадното сирење. |