|
Страсното бакнување ја спречува алергијата на полен |
|
|
|
Понеделник, 08 Мај 2006 |
(makfax)
Страсното бакнување во траење од половина час може да им помогне на луѓето да ја победат алергијата на полен.
Научниците докажале дека бакнувањето ги опушта патниците и го редуцира производството на хистамин, што ја предизвикува алергијата.
Екипа стручњаци од болницата Сато во Јапонија им наредиле на 24 мажи и жени да се бакнуваат половина час, сето тоа зачинето со лежерна музика. Експериментот бил повторен со прегрнување, но без бакнување.
Резултатите од примероците крв покажале голем пад во бројот на антителата што се борат против алергенот по бакнувањето, но не и по прегрнувањето. Истата работа се случила и со атипичниот дерматитис, состојба на кожата предизвикана од алергија. |