|
Сабота, 10 Март 2007 |
(makfax)
Индијанското племе допуштило да се изгради стаклено шеталиште на работ на Големиот Кањон како дел од амбициозниот проект во склоп на туристичкиот ценатар.
Хуалапаи, сиромашно племе од околу 2 200 луѓе кое живее на западниот дел од кањонот му дозволиле на приватен инвеститор да направи Небеско шеталиште од околу 30 милиони долари за да може да привлече туристи во тој предел.
„Ја вознемиривме земјата“, изјави еден од старешините, додавајќи дека за нив таа земја е света.
Самото шеталиште е направено од стакло со челик и се протега на 20 метри преку работ на Големиот Кањон, овозможувајќи спектакуларен поглед на најголемото светско чудо. |