Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Кулинарство arrow Секси чоколадо

Секси чоколадо Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Петок, 16 Февруари 2007
(makfax) Британската фирма Feeding Your Imagination има многу интересен начин на привлекување на муштерии и тоа комбинација од аромотерапија и чоколадо.

Нивните производи Сензуалност и Секси се слатки кои содржат ароматични масла кои би требало да го подобруваат расположението и го подигнуваат нивото на енергија.

Еден од иноваторите е Паул Да Коста Гривс, кој воедно е и сопственик на ресторан, а во последниве две години се обидува да изуми и некои производи кои ќе го збогатат пазарот на функционална храна.

Храна која на потрошувачите ќе им нуди и нешто повеќе на пример: чоколадото Секси кое содржи чили кој го забрзува метаболизмот , а некои се надеваат дека делува и како афродизијак.

Потоа тука можете да го најдете и белгиското чоколадо со додаток на масло, чили, ѓумбир и други специфични зачини.

Да може да уживате во едно вакво чоколадо ќе треба да одвоите околу 40 куни.


digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net