Барај
Внеси фраза/и:
Дома arrow Туризам arrow Грчките таксисти ќе учат Бон тон

Грчките таксисти ќе учат Бон тон Испечати Е-маил
Рејтинг: / 0
СлабоНајдобро 
Четврток, 07 Декември 2006
(makfax) Грчкиот министер за туризам најавил програма вредна 1,8 милион евра во рамките на која таксистите ќе посетуваат обука за убаво однесување. За да се подобри квалитетот на услугите кон странските туристи.

Анкетите покажале дека однесувањето на таксистите е најчесто наведуваната причина за незадоволство на туристите кои ја посетуваат Атина.

“Клучна цел за развој на туризмот се квалитетот на услугите и степенот на професионалност“, изјавила министерката Фани Пали - Петралија.

Таа навела дека пет илјади таксисти треба да бидат опфатени со програмата што ќе започне идната година, но не изнела детали за содржината на програмата.


www.org.mk

digimak.net не е одговорна за коментарите на корисниците
copyright © digimak design studio, 2005-06
webmaster@digimak.net